Club`s
,, Неврокоп-2011,,
,, Неврокоп-2011,,
Изминатиов викенд,поточно на 23-04-2011 во соседна Бугарија се одржа голем Меѓународен натпревар во Параглајдерство во Категоријата Прецизно слетуванје со учество на параглајдеристи од РОМАНИЈА ,БУГАРИЈА и МАКЕДОНИЈА,кој се бодува од Светска Воздухопловна федерација,FA1,натпреварот се одржа на падините на Пирин планина во општина Гоце делчев ,а натпреварот под името НЕВ РОКОП ОПЕН-2011 год бележеше 10 години.Во конкуренција од 30 тина пилоти нашите претставници од параглајдинг клуб-Делта-Прилеп екипно го освои.......
и второто место(и покрај што нивната екипа беше некомплетна-настапија не 4 туку три пилоти),а додека па во поединечна конкуренција нашиот најдобар парагладерист Мартин Јованоски(сега веке 4 пласиран на Светската ранг листа),како на тренинг го освои првото место,пред романскиот натпреварувач Готег Георге кој беше на второ место,а трето место Бисер Андонов од Бугарија..
Екипно 1-место Бугарија Перик 2- Македонија Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп 3- Романија –Турболенција (тоа беа најдобрите 3-тимоби ,а учествува 9 тимови. Многу е битно и значајно што нашиот најмлад параглајдерист 15-годишниот БОРЈАН ЈОВАНОСКИ (брат на Мартин Јованоски) во оваа силна Мегународна конкуренција го освои 8-место и повторно се закити со бодови за повисок РЕЈТИНГ на Светската Воздухолпловна Асоцијација, кој истиот доби Награда за ,,НАЈМЛАД НАТПРЕВАРУВАЧ ,, а воедно го прими и ,,Пехарот ,,за освоеното 2-место во екипна конкуренција како капитен на тимот на Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп. Нашиот трет натпреварувач , ветеранот –татко и тренер Миле Јованоски го освои 10 место, но остава впечаток како добар тренер и дека неговите ученици доволно добро ги спрема за Спортисти од Светска категорија. Пред нив е добра иднина а се надеваме дека на некој од Следните СВЕТСКИ ИЛИ ЕВРОПСКИ Натпревари ке не израдуваат со медал, на Мартин тоа му успеа на Светското Првенство во Литванија 2007, а знаеки дека БОРЈАН ЈОВАНОСКИ по Резултатите е Подобар до сега од неговиот брат на неговите 15 години ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА од нив да ни донесат повторно МЕДАЛ од Големите Натпревари, а се разбира ние сите како ДРЖАВА да им овозможиме тоа да го направат , едноставно да им овозможиме услови за Освојуванје на МЕДАЛ.
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп

|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















