Club`s
Велофест 2011 во Прилеп
Велофест 2011 во Прилеп
На посетителите ВелоФест 2011 Прилеп, ќе им овозможи да ги погледнат визиите за градскио велосипедски развој на Прилеп и силното влијание кое возењето велосипед го врши на културата во Холандија. Имено, ќе биде прикажан краткиот анимиран филмот, добитник на Оскар, „Татко и ќерка“ од Михаел Дудок де Вит и ќе биде промовирана изложба со презентации со визии за велосипедски патеки во Град Прилеп.
Визиите се изработени од апсолвенти по архитектура при Архитектонски факултат – Скопје, а под водство на Вим ван дер Вијк, експерт за транспорт од Холандија и наставен кадар од Архитектонскиот факултет – Скопје.
Настанот во Прилеп ќе биде остварен благодарение на општина Прилеп, Холандската Амбасада, Архитектонски Факултет – Скопје, Форум за авангардна креативност – Прилеп, Велосипедски клуб „Илинден“ – Прилеп и Одржливи иницијативи – Скопје.
ВелоФест е креативен фестивал за велосипеди кој цели да го промовира возењето велосипед во Македонија. ВелоФест 2011, своите активности оваа година ќе ги остварува континуирано и ќе биде посветен на велосипедската свест.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















