"Максам-Фајт"-во чест на 3 Ноември
По повод 3 Ноември денот на ослободувањето на град Прилеп , центарот за боречки вештини и спортски активности "Максам-Фајт" организира спортски натпревар во боречки вештини во дисциплините кик бокс , граплинг и мешани боречки вештини во машка и женска конкуренција.
Учествуваат 12 клубови од 8 градови : Прилеп , Битола , Кавадарци , Велес , Скопје , Охрид , Тетово , Струмица со 30 натпреварувачи , судии , тренери.
Планинска тура -ЕРД
ЕРД планинарско друштво организира планинарска тура на 19.06.2011 во недела со тргнување во 06 часот од пред ЦК.Марко Цепенков.Организирана е посета на манастирите Водача и Вејлуса Струмичко, и водопадите Гобровски,Колешовски и Смоларски.Цена 400,оо МКД со комбе.Телефон за контакт 075/794-113.


Во периодот од 29 октомври до 06 ноември 2011г. на локалитетот Камена баба (кај вештачкото езеро), се одржа натпревар во болдеринг , “МАКЕДОНИЈА БОЛДЕРИНГ ФЕСТИВАЛ”.
По шести пат во Прилеп се одржа спортско рекреативната манифестација "Сите на Велосипед".Манифестацијата свечено беше отворена од Холанската амбасадорка Simone Filippini и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.Учество на настанот зазедоа ученици од повеќе основни и средни училишта,како и група на граѓани.
Да бидеме поактивни од тоа што сме на facebook,














