<<  January 2018  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728
293031    

algasan

ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС - ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА, ИСТРЧАЈ ГО МИТОТ

kmt 2016

На 24 и 25 септември оваа година со старт и финиш во прилепскиот Варош ќе се одржи шестото по ред и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс - „По Стапките на Крали Марко”. Дојдете и бидете дел од уникатниот спортски меѓународен настан под Марковите Кули.

Крали Марко Треилс е повеќедневен настан кој се состои од неколку трки во планинско трчање и планинарење кои се одржуваат околу Марковите Кули, манастирот Трескавец и планината Бабуна. Оваа година КМТ ќе биде составен од четири трки - Трескавец Треил 16км, Камена Баба Треил 31км и Крали Марко Ултра Треил која со нејзините 90 километри ќе биде и прва официјална планинска ултрамаратонска трка. Покрај трките за возрасни ќе се одржи и трка за деца насловена Маркукуле Треил во должина од 1 километар и наменета за најмадата популација.

Настанот е закажан за викендот 24-25.09.2016 година каде во сабота (24.09) во 23 часот со старт од амфитеатарот во Варош, Прилеп ќе започне најдолгата трка Крали Марко Ултра Треил. Учесниците ќе имаат цели 22 часа да ја завршат 90 километарската делница полна со голем број врвови, ридови, села и манастири.

Следниот ден на 25.09 во 10 часот наутро е закажан стартот на 16 и 31 километарските трки на кои се пријавени 250 учесници, а веднаш по нив ќе стартува и трката за деца на која оваа година со помош на Општина Прилеп и училиштата се пријавени околу 90 деца.

На Крали Марко Треилс 2016 година во регистрациониот период кој заврши на 1 септември се пријавија 307 натпреварувачи од 13 различни држави што го прави настанот исклучително интересен за следење. За оваа година предвидено е и он-лајн следење на тркачите преку мерење со чип на одредени контролни точки од стазата. За повеќе информации посетете го веб-сајтот www.kmt.mk

Настанот е во организација на здружението за планинско трчање TREX, Општина Прилеп и ПСД Макпетрол - Скопје.

Се гледаме на старт - Почувствувај ја легендата, истрчај го митот!