<<  November 2017  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   

algasan

РЕКРЕАТИВАН ПЛАНИНСКИ НАСТАН „ТУРА ПРЕКУ СЛИВА 2016“

sliva 3 2016

Здружение на љубители на ридско-планински активности,рокенрол и добра чашка во кординација со Општина Прилеп го организираат Третиот рекреативен планински настан „Тура преку Слива 2016“.

Целта на оваа манифестација е промоција на убавините на Селечка планина и развој на алтернативниот туризам како : Планинскиот велосипедизам,планинарство и планинско трчање.

Патеката не води низ Археолошките локалитети на Врвот Висока каде се наоѓаат остатоци од Кралски дворец кој датира од п.н.е. , Кралската гробница кај месноста Павла Чука на локалитетот Старо Бонче и праисториското светилиште Палатица во с.Штавица.

Велосипедската офроуд тура започнува од Центарот на градот,ги опфаќа селата Волково и Чумово,па преку превојот Слива познат како „Порта Мариовска“ продолжува кон Бонче,Подмол,Марул,Штавица и завршува во Прилеп.

Учесниците на планинарската тура и на планинското трчање организирано се упатуваат до с.Бонче и ќе ги посетет Врвот Висока и Кралската гробница.

Оваа година организацијата ќе опфати и роуд велосипедска тура од Центарот на градот преку Превој Слива до с.Бонче и обратно.

На нашата манифестација ќе бидат присутни љубители на овој вид рекреација од цела Македонија.Манифестацијата ќе заврши со заеднички ручек и мала забава за сите учесници.

Линк од настанот: https://www.facebook.com/events/558514267634202/         

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress