Околина на Прилеп
Околина на Прилеп
Околина на Прилеп
Единствените пејсажи ќе ви помогнат да воспоставите совршена хармонија со природата. Идеални места за средби и дружења.
Причина за да ги посетите овие места, покрај планинарењето, ловот и риболовот, може да биде само прошетка, ручек во природа или едноставно уживање во неа.
Мариово
Вистинско доживување доаѓа од девствено чистиот и недопрен простор на Мариово. Слободно и недопрено со можности за развој на еко и амбиенталниот туризам, овде во изобилство може да се користат благодетите на здравата и чиста храна, на далеку познатиот мариовски мед, воздухот и планините. Овдешните планини ја чуваат како во пазува приказната за филмовите Прашина и Миротворец, создавајќи од овај простор македонски Холивуд. Планинските венци кријат и други тајни, како онаа за постанокот на светот и векот. Се откриваат тие тајни како што се гребат наслагите на ониксот. Богатите природни ресурси од мариовскиот грамаден масив можат да бидат ставени во функција на развојот на овај еколошки бисер. Мариовскиот масив со нуклеарните суровини и другите руди отвора можности за револуционерен развој. Мариово се наоѓа источно од најголемата рамнина Пелагонијa, единствената област што од најстаро време се до денес се именува со нејзиното античко име. По должината на реката Црна се издвојувал еден патен правец во овој период кој го поврзувал познатиот антички пат “Виа Егнација” со Античкиот пат кој водел по течението на реката Вардар “Виа Милитарис”, патни правци кои биле користени и за времето на Македонската империја, а најверојатно и многу пред тоа. На подрачјето Мариово од доцната антика откриени се релативно голем број на археолошки локалитети односно подвижни археолошки наоди. Меѓу попознатите локалитети кои се утврдени во текот на истражувачките работи спроведени по втората светска војна се археолошките локалитети: “Заградишка чука”, “Садеви”, “Градиште” и локалитетот “Градок”. Од средновековниот период во Мариово по своето значење централно место зазема црквата Св.Никола од манастирскиот коплекс во с. Манастир. Просторна организација на населбите во Мариово Архитектурата овде е срасната со пределот преку убавиот сјај на природните материјали за градба, докрај приврзана на народните традиции и обичаи, а од друга страна пак максимално приспособена кон условите за нормален стопански живот кој ги дава основните претпоставки за опстој на населението.Живеалиштето односно куќата ги задоволувала низ вековите основните и секојдневни потреби на луѓето и што е особено важно истата во себе ги има сублимирано сите социолошки симболички и историски погледи и искуства на нејзините корисници. Црквите се неизоставен дел духовниот живот на селата во Мариово. Поставени обично на најдоминантната позиција од селото просто зрачат со својата убавина. Карактеристично скоро за сите селски цркви е тоа што претежно се изградени во XIX век во времето на преродбата.
Login Form
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















