MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS
По петти пат во село Манастир во Мариово,од 27 до 29 мај , ќе се одржи аутдор фестивалот MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS. Фестивалот е во организација на здружението ВЕЛОЕВРОПА и Општина Прилеп.Посетителите ќе имаат можност да уживаат во тридневна програма што вклучува: прикажување на филмови со аутдор содржина, забава на отворено со диџеи и бенд, и пет спорта: велоспедизам, планинско трчање, планинарење, аеробик и болдеринг.