<<  June 2018  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
      1  2  3
  4  5  6  7  8  910
11121314151617
18192021222324
252627282930 

algasan

МЕСТОПОЛОЖБА

prilep mestopolozba

Прилеп е град во Република Македонија со 67.925 жители и површина од 1.184 км2. Прилеп лежи на источниот раб на Прилепското поле, кое е дел од најголемата котлина во Македонија - Пелагонија. Градот е расположен меѓу Марковите Кули и Зеленик на север, планината Селечка на југ, на исток благо се издигнуваат каскади, формирани од некогашното Пелагониско езеро, а на запад широко се отвора Прилепското поле.

Прилеп се наоѓа на апсолутна надморска висина од 620 - 650 метри, а на ридестите падини околу градот и до 680 метри. Низ градот течат Дабничка, Оревоечка и Селечка река, кои ја формираат Градска река, која пак јужно од Прилеп, преку реката Блато се влева во Црна Река, десна притока на Вардар. До него се стигнува по магистралниот пат М5 / Е65. Градот е оддалечен 138 километри од главниот град Скопје. Климата во Прилеп е претежно умерено - континентална со слабо влијание на средоземната.