Скопски џез фестивал 2011

Три големи џез легенди за јубилејот: Вејн Шортер, Чарлс Лојд и Пет Метини на 30. Скопски џез фестивал.Великаните на џезот Вејн Шортер, Чарлс Лојд и Пет Метини го потврдија своето учество на 30. јубилејно издание на Скопскиот џез фестивал.Фестивалот, на 20. октомври, ќе го отвори деветкратниот добитник на Греми, славниот Вејн Шортер со својот „ол-старс“ квартет во кој членуваат Џон Патитучи на бас, Данило Перез на пијано и Брајан Блејд на тапани. Според „Њујорк Тајмс“, Вејн Шортер е најголемиот жив композитор во џезот. Активен од средината на 50-тите, ја обележа работата на три легендарни џез-состави - беше член на Арт Блеки и Џез Месинџерс, како и на т.н. „втор“ квинтет на Мајлс Дејвис, а заедно со Џо Завин ул го предводеше составот Ведер Рипорт, најценетата фјужн група на сите времиња. Неговите два последни албума се наградени со Греми во категоријата - најдобар џез албум.
Уште една џез-легенда, саксофонистот Чарлс Лојд, е дел од програмата на годинешниот Скопски џез фестивал. Ќе настапи со својот „нов“ квартет, во кој членуваат пијанистот Џејсон Моран, басистот Рубен Роџерс и тапанарот Ерик Харланд. Во септември минатата година, овој квартет го објави својот втор албум за престижната германска етикета ЕСМ, под наслов "Mirror". Критиката ова издание веќе го нарече „уште една Чарлс Лојд класика“.Како што веќе беше објавено на веб-страницата на најголемиот џез-гитарист денес, а потоа пренесено и во македонските медиуми, Пет Метини за првпат по 11 години, ќе ја посети Европа со своето трио, со Лари Гренадие на бас и Бил Стјуард на тапани, а Скопје е една од стартните точки на неговата есенска европска турнеја. Скопската публика, на 24 октомври, ќе има прилика премиерно да го види и ужива во концертот на овој неприкосновен џез-гигант. 

Јубилејниот, 30-ти по ред, Скопски џез фестивал годинава ќе се одржи од 20 до 24 октомври во Скопје.
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption