Events
Interesting thing
Music
Промоција на новиот албум на фолтин
Interesting thing
Music
Промоција на новиот албум на фолтин
Промоција на новиот албум на фолтин
„Најодговорниот човек за целата работа, Никола Коџабашија, е во Лондон и километрите го спречија да дојде на промоцијата. На самиот почеток на подготовката на материјалот Никола Коџабашија настапи со убедување дека сите ќе бидеме рамноправни во создавањето на албумот, меѓутоа, сепак, мислам дека тој најмногу придонесе за овој проект. Во ова време на соработки, коишто веројатно одразуваат криза на интегритетот на индивидуалецот во уметноста, ние се нафативме да направиме вакво нешто. Се надевам дека нема да биде погрешно протолкувано и дека ќе биде само показател на меѓучовечката наклонетост. Ви посакувам долго да го слушате ова носталгично парч
е музика“, изјави Бранислав Николов од „Фолтин“.Во име на издавачката куќа „Литиум“, Симеон Митов го изрази задоволството што компакт-дискот се појави во продажба и најави дека станува збор за одличен албум.
Албумот на Никола Коџабашија и групата „Фолтин“ може да се најде и во дигитално издание, кое ќе се продава преку електронското списание „Филтер“.
Групата „Фолтин“ постои од 1997 година. Досега објавија пет албуми. Нивниот инвентивен и креативен пристап кон музиката е причина да се појават и како автори на музика за театарски претстави. Во последниот период најзначајна е нивната соработка со режисерот Мартин Кочовски.
Покрај композиторот Никола Коџабашија и перкусионистот Гоце Стевковски од „Фолтин“, како соработници на албумот им се приклучија и Роуз Бетс, Ангелина Коџабашија и Ребека Јанковска.
Во реализацијата на обвивката на албумот е употребено делото „Портрет на жена“ од уметникот Мирослав Масин. Обвивката ја дизајнираше Јана Ацевска.
По промоцијата на албумот беше промовиран и видеоспот за темата „Пепелашко“.
Концертната промоција на албумот треба да се одржи на почетокот на мај годинава.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















