Избрани најдобрите маски на карневалот во Прилеп


DSC_0163.JPG

Групната маска „Индијанците од Тутулен“ од учениците од селото Мажучиште и од ОУ „Климент Охридски“  е избрана за најдобра маска на Меѓународниот карневал „Прочка 2011“ во Прилеп. За најдобра традиционална групна маска е  прогласена „Прилепски жетвари“, а најдобра современа групна  маска e „Лицето на правдата“.  Најуспешна самостојна маска на карневалот е „Аватар”, а најдобра детска маска „Испраќање на зимата” од учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп.

Како најдобри странски маски се избрани „Карневал Марс“ од Корча,  „Весели Перо“ од Шабац и маската на „Сурварска група“ од Јерџеловце, Бугарија. Маските беа оценувани при традиционалното дефиле што се одржа напладне во центарот на Прилеп на кое, според организаторите, продефилираа околу 150 маски од земјата и странство. Организаторите, локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“ се задоволни од годинашниот карневал и сметаат дека е постигната целта - продолжување на традицијата и обновување на обичаите. Карневалските свечености продолжија и вечерта со забавите под маски во кафулињата и рестораните. Во понеделник, кога почнуваат велигденските пости, еснафот касапи кои се творците на надалеку познатата прилепска маска „Мечкари“, го организираат традиционалниот ручек со посен грав на манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп. Прилеп в година ќе биде домаќин на 32. Меѓународна средба на карневалските градови. Сите фотографии можете да ги погледнете во

Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption