<<  October 2020  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
262728293031 

algasan

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ПРИЛЕПСКИТЕ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ

Изминативе денови во Црна Гора и во Албанија се одржаа два по ред Светски купа во дисциплината Прецизно слетување во цел.

Одржувањето на два по ред Светски купа беше споено во два последователни периоди во времетраење ЦРНА ГОРА-Беране(05-08 05. 2016 ) и во АЛБАНИЈА -Валона (10-15 05.2016) се со цел натпреварувачите кои не се од Европа да учествуваат на два натпревари, а да не прават дополнително финансиско оптоварување.

Значајно беше тоа што натпреварот во Албанија-Валона преставуваше Пред СВЕТСКО ПРВЕНСТВО. Карактеристика на натпреварот беше тоа што учествуваа стотина натпреварувачи-пилоти на параглајдери, од 20-тина држави од целиот свет.

Македонските параглајдеристи продолжија со големи успеси на меѓународните натпревари.... во ЦРНА ГОРА-Беране , тимот во кој учествиваа браката Јованоски( Мартин и Борјан) , го освои второто (2)место во конкуренција на Тимови.

Натпреварувачката форма ја темпираа за светскиот куп во Албанија каде го освоија првото ( 1) место , додека нивниот тренер и татко кој воедно е и селектор на Македонската Репрезентација Миле Јованоски го освоипрвото ( 1) место во поединечна конкуренција.(за малку не успеа со третата серија да направи НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД).

Резултати можат да се најдат на веб страната на www.pgawc.org или на веб страната на Албанија опен 2016

Со почит до вас Параглајдинг клуб- Делта-Прилеп. кон тел 070.612.437

 

1
2
3
4
5
6