Борка Талески

Во Прилеп библиотечното дело датира уште од времето на Јордан Хаџи Константинов - Џинот, односно од 1858 година, според едни показатели кога е основано читалиштето “Надежда”. Во текот на годините, тоа читалиште е повеќе пати затворано и повторно обновувано.

Подоцна се отворени и други читалишта, како што е читалиштето кај “Чакмак одаја” во 1920 година, исклучиво со напредна литература, а членувале напредни синдикални работници и интелектуалци со марксистички идеи.
Во еден ваков период формирана е и Библиотеката,  во состав на Домот на културата. Во 1953 година се вработува првиот библиотекар со завршено средно библотекарско училиште, г-дин Димче Атанасоски, кој врши стручна обработка на книжните фондови по тогашните библиотекарски правила. Библиотеката веќе почнува да функционира како вистинска културна институција, во која се создадени и првите информативни  каталози и билтени. Веќе во 1955 година, се одделува од Културниот дом и работи како самостојна културно-образовна институција., под името Градска библиотека  “ Борка Талески ” – Прилеп.
Во 1961 година е прместена во подобри простории во куќата на доктор Шајкар, зад Градските кина и добива статус на Матична бибиотека за подрачјето на Општина Прилеп .
Со тоа Библиотеката е исправена пред нови предизвици, имено таа е задолжена да се грижи за развојната политика на библиотечната дејност во Општината и да дава стручна помош на сите библиотекари во училишните и специјалните библиотеки.
Во 1984 година на 11- Октомври- денот на востанието на Макдонскиот народ , Градската  библиотека свечено ги пушта во употреба новите простории во блокот Ц на Домот на културата “Марко Цепенков”, каде што условите за проширување на културно -образовната дејност се поголеми. Се отвора игротека, која ја посетуваат деца од предшколска возраст и се одржуваат курсеви по англиски јазик.
Денес Градската библиотека претставува најдeмократска културна институција која располага со книжен фонд од над 112.000 монографски публикции и со 2.500 комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми, видео касети, Роднокрајна збирка, Збирка на раритети, докторски и магистерски трудови, музикалии, плакати, Збирка на странска литература и сл. Библиотеката располага со читална за самостојно учење, читлна за следење на печатот и читална за студиско работење.
Во овој шестдецениски растеж Библиотеката беше и своевиден Универзитет. Таа во значителна мера влијаеше на оспособување на кадри. Нејзините богати фондови ги користеа голем број на читатели, и не само од Општинава, но и пошироко, и нејзиното срце пулсира подеднакво, како за постојните  така и за потенцијалните корисници. www.biblioprilep.org.mk/

Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption