Институт за старословенска култура - Прилеп

Институтот за старословенска култура - Прилеп е јавна научна институција која врши научноистражувачка дејност од областа на опшествените и хуманитарните науки, како членка на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и е еден од петте научноистражувачки институции

во Република Македонија со предзнак “национален институт”. Научноистражувачкиот сегмент на Институтот за старословенска култура - Прилеп го сочинуваат пет целини - одделенија, кои се занимаваат со истражувања од областа на:

•  археологијата,

•  историја на уметноста,

•  историските науки,

•  етнологијата и

•  лингвистиката.

Дејност на ИСК:

•  собира, систематизира, научно обработува, презентира и публикува севкупната граѓа за историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ , како и на другите словенски;

•  организира истражувања во областа на етногенезата на македонскиот народ и развојот на неговата култура;

•  организира и изведува истражувања од областа на историја, археологија, историја на уметност, културна и социјална антропологија, лингвистика, етнологија и етногенеза;

•  ги следи научните достигнувања во земјата и во странство во областите во кои врши научно истражувачка дејност;

•  организира симпозиуми, научни собири, советувања и сл. во земјата

•  учествува на симпозиуми, научни собири, советувања и сл. во земјата и странство;

•  соработува со сродни установи и организации во земјата и во странство;

•  организира пследипломски, докторски и специјалистички студии од областите што се во сферата на интерес на Институтот.

Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption