Theatre
Јоана Поповска и прилепската монодрама ,,Јас Илија Димоски-Шаторо со награди во Албанија
Јоана Поповска и прилепската монодрама ,,Јас Илија Димоски-Шаторо со награди во Албанија
Режисерот Трпчески не го крие задоволството од добиеното признание а зголемениот интерес за гостувања на монодрамата го поткрепува и со покана од соседна Србија:
- Беше големо задоволство да се гостува на овој меѓународен фестивал. Имаме и покана за гостување на фестивал во Краљево, соседна Србија. На фестивалот во Корча награда за најдобра актерка доби нашата колешка Јоана Поповска за преставата ,Љубов моја,, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Мал драмски театар од Битола.
Монодрамата го претставува ликот на првиот градоначалник на Прилеп по осамостојувањето на Република Македонија Илија Димоски-Шаторо виден низ призмата на актерот и школски другар на Димоски Трајче Иваноски.
На фестивалот ,,Албамоно,, во Корча прикажани биле 14 претстави од 12 земји: Албанија, Македонија, Косово, Русија, Германија, Литванија, Киргистан, Грција, Полска, Србија, Ерменија и Беорусија. Жирито главната награда за најдобра претстава ја додели на монодрамата ,,Дневникот на еден лудак,, по текст на Николај Гогољ на српскиот народен театар од Књажевац чиј актер Иван Видосављевиќ ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот.
Извор:Канал 77
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















