"Калигула"
Народниот тетатар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, премиерно ја изведе претставата „Калигула“ во режија на Зоја Бузалковска , на својата матична сцена.Новата претстава на прилепскиот театар е работена според текстот на Албер Ками, а Бузалковска во режисерската експликација за постановката вели: „Нашиот Калигула не е луд. Тој е многу понормален од сите околу него. Но е бескрајно очаен. Очаен од светот околу себе, свет во кој трезорот и државната каса се поважни од човечкиот живот, свет на ладен, бесчувствителен грабеж, во кој љубовта е исмеана. Постои само материјалниот интерес, страста за профит и ништо друго. Поради таквата страст гинат луѓе, држави, народи... Човечкиот живот станува безвреден“.
Во работата на претставата, Бузалковска се потпре на актерите од матичниот театар, доделувајќи му ја насловната улога на Александар Степанулески. Останатите улоги ги толкуваат: Даниела Иваноска, Никола Настоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпче, Трајче Иваноски, Димитар Црцороски, Зоран Иваноски, Милан Секулоски, Андон Јованоски – Аша, Најдо Тодески, Александар Тодески, Наташа Наумоска и Марија Спиркоска-Илијеска. Покрај нив, во претставата се појавуваат Кирил Трпкоски и Надица Ѓорѓијоска, во улогите на Калигула и Друзила како деца.
„Калигула само ги нарекува работите со нивното вистинско име. Им ја лупи маската и им покажува какви се. Тој се обидува преку својата бесчувствителност да му ја врати чувствителноста на светот. Јалова борба, која и самиот ја дефинира како невозможна, но сепак ја спроведува. Не можеме да го оправдаме неговиот метод, но можеме да се обидеме да го разбереме неговиот порив, зашто и самите го имаме. И не, ние не сме луди, само сме бескрајно очајни“, заклучува Бузалковска.
Асистент на режијата е актерот Владимир Ѓорѓијоски, сценографијата ја направи Костантин Трепеноски, а костимите се на Лира Грабул и нејзиниот асистент Раде Василев.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















