Театарскиот фестивал "Војдан Чернодрински"ги објави добитниците
млет" на Драмскиот театар од Скопје освои четири награди на фестивалот на македонскиот театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Претставата доби Гран при, Дејан Лилиќ е прогласен за најдобар актер, Дејан Пројковски - најдобар режисер, а претставата има и награда за рекламен материјал за Владо Ѓоревски-Рафик. Актерката од Драмски театар, Јелена Жугиќ, за претставата "Геноцид 21" во режија на Владлен Александров ја доби наградата за главна улога.
Наградата за млад актер "Трајко Чоревски" ја доби Никола Пројчевски за "Обична приказна". Женска епизодна улога доби Амернис Нокшиќи за улогата на Сузана Делиција во претставата "Оркестар" на Албанскиот театар. За истата претстава Олга Панго ја доби наградата за најдобра кореографија. Најуспешна машка епизодна улога оствари Владо Јовановски во "Бесови" на МНТ во режија на Златко Славенски. Најдобар композитор е Марјан Неќак за претставите "Антица" на Прилепски и "Обична приказна". За истата претстава Валентин Светозарев ја доби наградата за сценографија. Гоце Смилевски го напишал најдобриот домашен текст - "Спиноза".
Наградите ги додели жири во состав: Лилјана Мазова, Веби Керими и Петар Мирчевски. Фестивалот ќе биде затворен вечерва со изведбата на претставата на МНТ, "Ромео и Џулиета" во режија на Лилиа Абаџиева.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















