Програма за развој и театарски проекти
Директорот на Театарот за деца и младинци, Драган Довлев, денеска ја презентира Програмата за развој и театарски проекти. Програмата е доставена до Министерството за култура на 4 јануари годинава, и опфаќа период за наредните четири години.
„Првиот дел од програмата за развој на проекти ќе се надополнува, а вториот дел е со конкретни автори и веројатно ќе се менува драстично“, изјави директорот Долев.
Првиот дел од програмата опфаќа проблеми за просторот бидејќи станува збор за временски објект кој е доделен од Министерството за култура на користење во 1998 година.
„Целта е да се подигне свеста дека овој објект е временски. Свесен сум дека за некои шест до седум години ќе останеме во овој објект. Но за некои десет
години може да се сместиме во соодветен објект“, вели Довлев.
Останатите проекти на театарот за деца и младинци се: вработување на млади актери, поставување на прва младинска претстава, прв меѓународен детски фестивал во Македонија, инвестиции во посебни простори и тн.
„Верувам дека ќе се вработуваат млади актери, тие вработувања ќе бидат во наредните месеци“, рече Довлев.
Довлев беше избран за директор на Театарот за деца и младинци на 21 февруари годинава.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















