“Марко Цепенков“ од Прилеп со богата програма за 2012 година
Не само она што ни го прифати Министерството за култура, туку ќе понудиме културни настани и со сопствени средства. Се во интерес на збогатување на културниот живот во градот - рече директорот Тони Чатлески.Прилепскиот театар ќе реализира претстави со врвен уметнички квалитет, меѓу кои „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Ива Милошевиќ, „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ, „Цепенков 012 (Сонот на Цепенков)“ - според творештвото на Цепенков,а во режија на Кирил Петрески и проектот „Јустинијан први“ од Плевнеш, во режија на Петар Темелковски.
За годинава планирани се и две гостувања на фестивали. На фестивалот МЕСС во Сараево Прилепскиот театар ќе гостува со претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски, „Антица“ во режија на Бранко Брезовец ќе биде поставена на сцената во рамки на „ЕУРОКАЗ“ во Загреб.
На програмата се и над 40 изложби, организирањето по петти пат на ликовната колонија „Дрен“, третата манифестација „Изворен фолклор на балканските народи“ дејствување на уметничка група „Октет“ како и негување на фолклорот и традицијата преку КУД „Моминок“.
Годинава ќе се одржи и недела на детско творештво, планирано е и објавување на списание за литература, уметност и култура, а извршиена ќе биде и реконструкција на ентериерот на сцената од големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
Inactive Module
You should publish modules to the "inactive" position and set the Menus to "All", for them to show up on pages where there is no active menu ID. This is a bug/feature of Joomla that causes only menu items in the "All" setting to show up.
















